Граѓаните разочарани: Годините поминати во чекање го подјадоа кредибилитетот на Европската унија

Македонија останува надвор од Европската Унија, а разочараноста расте – дел од граѓаните се уморни и од чекање, дел се прашуваат дали воопшто треба и натаму да се трудиме, а дел велат дека е најлесно да се откажешме но дека мора да истраеме.

Годините поминати во чекање го подјадоа кредибилитетот на Унијата. Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека довербата во Брисел е падната на 9% иако до пред неколку години беше и над 50%.
И покрај се, членството во Европската Унија останува врвен приорет за Македонија и за сите релевантни политички партии, но и кај политичарите се губи оптимизот.
По сите блокади, министерот за надворешни отворено порача – има се помалку енергија за наметнатите спорови, можеби е време да се свртиме кон внатрешните проблеми.

– „Да продолжиме конструктивно додека не се исцрпи оваа можност и после тоа да излеземе и отворено пред граѓаните, и отворено пред ЕУ, и отворено пред Република Бугарија дека не можеме граѓаните повеќе да ги малтретираме и да ги изложиме на ваков процес на циклични очекувања и разочарувања притоа исполнувајќи ги сите услови. Треба да знаеме на што сме, не може повеќе вака.“ – Истакна министерот Бујар Османи на 07.05.2022

Овие пораки доаѓаат откако Македонија направи и премногу отсапки и премногу жртви од кои најголема е промена на Уставното име.
Владата сега како да крева раце од евроинтеграциите иако во изминатите пет години повеќе пати не убедуваше дека веќе сме добиле датум за преговори или барем датум за датум.

17 декември 2005-та. Македонија стана земја – кандидат за членство во Европската Унија. На тој ден и политичарите и народот славеа. Речиси две децении подоцна се уште сме на истото место.

Новинар: Никола Цветкоски