Град со големина на портокал погоди јужни делови од Словенија (Видео)

Невреме проследено со град со големина на портокал ги погоди синоќа јужните делови на Словенија, предизвикувајќи значителна штета.

Словенечкиот национален центар за вонредни состојби објави дека значителна штета е предизвикана во Кочевје и Чрномељ, како и во Рибница и Содражица.

Според љубљaски медиуми, ангажирани биле 79 противпожарни бригади за да му помогнат на локалното население.