Град Скопје незаинтерсиран за снабдувањето со парно на граѓаните на Скопје?
Каде заглави дозволата за поставување на нови топловодни цевки на мостот „ Беласица“ ? Грејната сезона е на прагот , а ЕСМ и Град Скопје ја продолжуваат пинг – понг ирата . Од државните електрани и денеска одговорија дека новите цевки се однесени на локацијата , и се подготвени да ги монтираат , ама ја немаат потребната дозвола од град Скопје . Од таму тврдат дека грејната сезона ќе стартува навреме и градот непречено ќе биде снабден со парно греење .
АД ЕСМ е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок. Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија, велат од ЕСМ .
Првиот регулатор предупреди дека ако не се врати цевководот на мостот „ Беласица “ ќе има сериозен проблем со произведената количина од ТЕ – ТО , која е три пати пониска отколку цените на топланите Исток и Запад . Односно ако регулаторна сега ја направи пресметката за новата цена без ТЕ ТО, скопјани ќе добијат ценовно цунами на сметките за парно , и затоа ќе остане старата цена на парото додека не завршат градежните работи .
Но, ваквите сериозни предупредувања, изгледа не ја загрижуваат премногу градоначалничката . Ни денеска нема одговор од нејзиниот кабинет што се случува со замената на цевките , кога ќе ја издадат дозволата и зошто до сега не е издадена .
Мостот Беласица беше затворен за сообраќај речиси 4 месеци , по што ги отворија двете крајни ленти , а средишниот дел остана затворен бидејќи како што посочија од Град Скопје , ЕСМ требало да ги замени цевките.
Инаку , на системот за парно греење во Скопје се приклучени 63.000 домаќинства. Од нив најмногу 58.000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1.900 на железарското парно и 400 домаќинства на Топлификација Север.
Кристина Алексиеска