Градското зеленило во Битола како на фронт

Испокршени дрва, преполовени стебла и гранки , во градскиот парк и на Тумбе кафе, тоа е денешната слика во Битола, една недела после првиот снег кој во целост ја покажа сликата на недоволна грижа за градското зеленило. Објективот на нашата камера, денеска долови опасни состојби со надвиснати  стебла и гранки, покрај самите патеки во паркот.

  • Секаде низ градот каде да одиш, страите дрва сите се искршени- рече еден битолчанец.- Опасно е, ами како, одиш, одиш и не знаеш дали ќе ти падне над главата- рече повозрасна рекреативка. – Некој треба да преземе мерки и да се фатат дрвата од таму- рече друг рекреативец.- Да се очеисти и да се соберат- рече повозрасен пензионер.- да се чисти, а не вака да го остават- рече неговиот придружник.- Кога ќе видат дека има таква опасност, треба да се искастрат и да се очисти- рече друг рекреативец.- Сечи ги сувите, а не здравите да ги сечат, ги испустија, гледај сега што направија- рече друг рекреативец.

Градските комуналци, велат дека претходната недела фатило големо невреме и тоа е главната причина за уништените дрва.

  • Што би можел да направи “Комуналец“? Дали ќе врне снег од таков обем и карактер како што беше некни, ние со тоа не можеме ништо да направиме. Меѓут5оа, листот од дрвата с`е уште не беше допаднат и значи живи дрва што вегетираат, зелени дрва, дојдоа во ситуација заради тежината на снегот, на преку триста дрвја во градот да се направи штета. Едноставно, гранките не можеа да ја издржат таа тежина- рече Панде Богоевски, директор на ЈП “Комуналец“ од Битола.

Меѓутоа и после една недела, комуналците доцнат со чистењето на уништената вегетација.

  • Битолскиот парк во моментов личи како да е на некоја линија на фронт. А с`е се случи со првиот снег, кога огромен број на крошни, дрва и гранки испопаѓаа тука во паркот и на Тумбе кафе. Прашање е дали сето тоа можеше да се пресретне? Природата допрва треба да си го каже своето, оти доаѓа долга и студена зима.

Петар Стефановски