});

Градот на првата народно-ослободителна пушка, го одбележува Денот на народното вооружено востание 11- ти Октомври

Со синоќешниот традиционален импровизиран напад на градот и на некогашниот Бугарски затвор – Участакот, како и со денешното положување на венци пред спомениците на паднатите борци во НОБ, градот-првоборец Прилеп го чествува Денот на народното вооружено востание 11-ти Октомври, годинава во присуство на највисоки државни функионери, меѓу кои и премиерот Зоран Заев. Тој од говорницата во Прилеп потсети на придобивките од НОВ, како и на тоа дека патриотизмот, во овој историски миг, подразбирал обезбедување на сигурна иднина за идните генерации, но само преку членството во НАТО и ЕУ.

Порака со слична содржина пренесе и вице-премиерот Кочо Анѓушев, кој денеска се поколни пред коските на загинатите борци, погребани на Могилата на непобедените. Тој кажа дека ако во ‘41-та предизвикот бил борбата против фашизмот, денешниот предизвик бил Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО.

Во чест на празникот, вчера во зградата од ЛС беше поставена мермерна реплика од сега загубениот златен Орден – „Прилеп, град херој“, добиен од Јосип Броз Тито во далечната 1975 година. Иста таква реплика беше поставена и во Участакот, веднаш до бистата од Тито, која пак, после повеќе години, деновиве повторно беше вратена во музејската концепсиска поставка. За прв пат годинава, Прилеп и Куманово, заедно го чествуваат празникот, заради што и кумановскиот градоначалник синоќа имаше свое обраќање во Прилеп.

Каролина Дурло