Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и овој викенд ги слушаат идеите на граѓаните, како да се троши општинскиот буџет

Предлози и идеии како да се трошат општинските пари, денеска од граѓаните доби градоначалникот на Виница. Реконструкција на училишта, паркови, водовод и канализација, пешачки патеки се само дел од предлозите кои стигнаа на општинската адреса.

Му предлагам на градоначалникот и неговиот тим да ја реконструират салата за колутурни манифестации. Жално е, целата протекува, а имаме многу настани“ изјави Марија Митева, жителка на Виница

Во селата да се асвалтираат улици, да се постават бехатон плочки. На жителите да им се изхградои водовод и канализација и да им се обезбеди питка вода за пиење“ предложи Ацо Ѓорѓиевски од село Блатец.

Граѓаните се локомотивата за развој на една општина и затоа е од голема важност да се слушне што им недостига, изјави Гордана Димитриеска  Кочоска, потпреседателка на ВМРО-ДПМНЕ. Жално е објаснува Кочоска што и  во 21 век граѓаните се уште молат  за водовод и канализација.

“Мореам да кажам дека сум многу задоволна од досегашната работа на нашите градоначалници. Во рамки на буџетите такви какви што ги наследија, направија максимум. Таму кадешто имаше повеќе простор да се реализира се реализираше, а таму кадешто имаше стари долгови се трудеа да ги исплатат. Верувам дека 2023 година ќе биде многу подобра и тие ќе се покажат во вистинското светло“ изјави Гордана Димитриеска-Кочоска, потрпеседателка на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на наредната година ќе продолжиме со реализација на проектите коишто се веќе започнати. Имаме склучено договори за изградба и рекопнструкција на улици во вредност од 9милиони денари, како и договор за поплочување на улици во висина од 4,6милиони денари“ изјави Миле Петков, градоначалник на Виница.

Денеска освен во Виница отворени денови беа организирани и во другите општини

Нашите градоначалници од ВМРО-ДПМНе ги отворија вратите на нивните општини. Да ги слушнат граѓаните, да поразговарат, да понудат идеи и проекти, за да се направат новите буџети“ изјави Владо Мисајловски, потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ претходно пред граѓаните дадоа отчет за сработеното во првата година од нивниот мандат.

Александра Ристевска

Advertisements