Градоначалникот на Радовиш смета дека и сопствениците на фотоволтаици треба да плаќаат концесија

The workers walk in the first photovoltaic power plant in the Republic of North Macedonia at a government cost of 7,000,000 euro withs capacity of 10MW, near Kicevo, Republic of North Macedonia, 06 2022.

Инвеститорите на фотоволтаични централи да плаќаат концесиски надоместок за производство на струја.  И за нив да се применува моделот плаќање на концесија кој важи за хидроенергијата. Апсурдните и нерегулирани одредби Македонија ја прават Ел Дорадо за инвеститорите од Бугарија, Турција и Албанија, вели градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов, кој е и меѓу првите инвеститори во алтернативното производство на струја.

  “Отворете ги уредбите на Министерството за транспорт и ќе видите што се случува. Не наплаќаме комуналии, наплаќаме симболично, од производството не добиваме ништо. Земјоделската површина ни е зафатетена, а вработување немаме. Бидејќи за одржување  потребен е еден човек„ вели Ацо Ристески, градоначалник на Радовиш.

Изградбата на10мегаватна  фотоволтаична централа на земјоделско земјиште од прва категорија, го вклучи алармот и во Радовиш. Наместо за производство на храна, десет хектари ќе се користат за производство на струја.За да се заштитат од понатамошно узурпирање на земјиштето, општинаата планира на идните инвеститори им понуди парцели во близина на рудникот.  

„ Бидејќи имаме доста голи ридови во близина на рудникот Тополница кадешто имаме дури и ерозија на земјиштето. На овој начин ќе пробаме да оплеменеме нешто. Ние на инвеститорите ќе им понудиме таму , надвор од градско подрачје да се инвеститра таму кадешто имаме уништување од рудникот, а не земјоделското земјиште да се користи за фотоволтаици„ изјави Ацо Ристов, градоначалник на Радовиш.

Зголемувањето на цените на струјата на европските берзи, го зголеми интересот и за поставување на фотоволтаици во државата. Само лани Регулаторната комисија има издадено дозволи за 267постројки со моќност 152,2 мегавати.

Александра Ристевска

Advertisements