Градежник загина,  друг тешко повреден по одрон на земјиште во Припор

Еден градежник загинал, а друг е тешко повреден откако биле затрупани од одрон на земја при ископ во скопската населба Припор. Според првичните информации, животот го загубил 57-годишен скопјанец, а тешко бил повреден градежник од Куманово на возраст од 52 години.

Несреќата се случила додека градежниците вршеле ископ за потпорен ѕид кога дошло до одрон на земјата која ги затрупала двајцата работници. Тие работеле за фирма која била ангажирана од општина Кисела Вода за изградба на потпорниот ѕид на улица Христо Татарчев.

Од општината потврдиле дека ја ангажирале фирмата но повеќе информации ќе соопштеле по истрагата на надлежните органи.