„Го сакам Водно“: Нема договор со МЕР, изградбата на гасоводот мора да запре

Aктивисти од „Го сакам Водно“ не се договориле со „Македонски енергетски ресурси“ да го надгледуваат градењето на трасата и поставувањето на цевките, велат од граѓанската иницијатива. Од таму го демантираа вчерашното соопштение на МЕР во кое е наведено дека градежните активности на Водно за гасоводот продолжиле откако била постигната согласност со граѓанските активисти.

Од МЕР нема одговор на кои активисти мислеле во претходно упатеното сооштение, и повторно во електронска форма порачаа дека се подготвени да разговараат со граѓанските здруженија за да ги расчистат недоразбирањата.

Во меѓувреме багерите го раскопуваат Водно. Активистите не веруваат во зборовите на владините претставници дека трасата на гасоводот е намалена за 4 километри и ширината од 25 на 10 метри, обвинувајќи дека не постои никаква документација за тоа.

Градежните работи на Водно за изградба на гасоводот, по притисокот на граѓанските иницијативи беа стопирани на 31 август. Тогаш од Владата, Град Скопје и МЕР најавија дека со јави дебати ќе се најде заедничко решение. На двете дебати, одржани миниатиот месец, не се најде „заеднички јазик“. Активистите побараа да се промени трасата за изградба на гасоводот од другата страна на Водно, а претставниците на власта ги убедуваа дека промена на трасата не може да има и дека тие направиле многу измени во планот за градба со кои се намалува зеленилото кое ќе се сече.

Сања Т. Ставров