Го затворил дома и го силувал: 71-годишник старец приведен заради слоставување на 8-годишно дете

71-годишен битолчанец се сомничи дека извршил полов напад врз осумгодишно дете. Противприродното блудно дејствие, педофилот го извршил во својот дом, откако претходно момчето го заклучил во станот. Според информациите до кои дојде Алфа, момчето го познавало старецот со кого живееле во ист двор. Грозоморниот чин го пријавила стрина на детето. Таа најпрвин ги видела како влегуваат во куќата, а откако детето излегло, крајно вознемирено и’ раскажало што правеле со старецот, по што таа веднашја известила Полицијата.

   Настанот ни го потврдија и од СВР Битола. Оттаму велат дека педофилот бил веднаш фатен по пријавата и бил лишен од слобода. Засега, нема информации дали старецот бил извршител на вакви дела и претходно.

  По документирањето на грозоморниот чин, „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години казниво по Кривичниот законик“. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, информираат надлежните.

  Каролина Дурло

Advertisements