Гоце Делчев етнички Бугарин, политички Македонец- дали умерените струи од Бугарија нудат решение на проблемот за најголемиот македонски револуцинер?!

Делчев политички е Македонец, а етнички е Бугарин, преговори со ЕУ без влез на Бугарите во уставот, отворањето клубови е непотребна провокација – умерените струи во бугарија нудат премостување на проблемите за да се најде решение за спорот меѓу скопје и софија. Според бугарскиот академик Димитар Атанасов Делчев е Македонец, бидејќи се борел за слободна македонска држава, но сепак етнички Бугарин, бидејќи самиот го кажувал тоа. Атанасов важи за оние личности од Бугарија кои имаат многу полибарелани ставови од официјалните власти во Софија.

-Од историска гледна точка Гоце Делчев работел за слободата на Македонија и тој на неколку места во своето архивско наследство кажува дека сака на таа територија да се уреди. Од таа гледна точка тој е политички Македонец, неговите погледи се во основата на современата македонска држава. На неколку места тој споменува дека е етнички Бугарин и меѓу двете нема противречности, изјави Атанасов.

Атанасов смета дека вината за влошените односи меѓу Македонија и Бугарија е кај властите во девте страни. Според него причина за тоа е и отворањето на културните клубови. Вели жал му е што бугарските власти први почнале со провокаторската политика, но жалење изразува што и македонската страна се приклучила на ист начин.

Според атанасов глупост претставува што Бугарија условува Бугарите да бидат внесени во Уставот на Македонија, за да дозволат старт на преговори на државава со Европската Унија.

-И со тоа и без тоа Бугарија треба да дозволи преговори на Северна Македонија за Европската Унија. Кога ќе погледнеме историски, дека тука и македонската и бугарската страна се аргументираат со историски тези. Кога ќе погледнеме историски всушност тие луѓе, чии мисли ние ги читаме, Гоце, Даме, тие сакале на Осоговската планина да нема граници, тие сакале Деве Баир и Ѓуешево просто да бидат две села и ништо повеќе и меѓу нив да се минува слободно. Затоа што ние сме различни, но сме доволно блиски, изјави Атанасов.  

Дека бугарските клубови претставуваат провокација смета и универзитетскиот професор од Бугарија, Стефан Дечев. Според него непотребно било отворањето на културен клуб именуван по Ванчо Михајлов, бидејќи тој покрај спорна историска личност во Македонија, спорна е во Бугарија.

Матеја Петровски

Advertisements