Готов е ревизорскиот извештај за Општина Штип лани

Непочитување на Законот за градежно земјиште, без контрола дали економските оператори ги извршувале својте обврски, неактивирање на банкарски гаранции, ова се дел од забелешките на ревизорите кои ги навале во Ревизорскиот извештај за работењето на Општина Штип за 2021 година. Штипскиот градоначалник го повика обвинителството да утврди одговорност.

 „Го повикувам ЈО да го разгледа ревизорскиот извештај, да констатира она што го констатирал Државниот завод за ревизија и да се утврди одговорност„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

 Една од забелешките е и неплаќањето на кредитот на ЈП„Исар„ кон Министерството за финансии, поради што износот на затезната казнена камата го надминал главниот долг за 220% и изнесува околу 120милиони денари. Ревизорите утврдиле дека дел од реализираните проекти се пуштени во употреба без технички прием или надзор.

  Изјава-Иван Јoрданов-градоначалник на Штип

„Доколку имало технички приеми и е констатирано тоа што Општина Штип го побарува во јавната набавка, секако дека немало да има забелешка. Најголем дел од реализираните проекти за кои се потрошени  милионски суми немаat технички прием и немало подигање на банкарска  гаранција„-изјави Иван Јорданов.  

Извештајот покажува дека имало и селективна наплата на данокот имот со што општинскиот буџет во изминатите десет години е оштетен за околу 4милиони евра.

Александра Ристевска

Advertisements

Поврзани вести