Готов е не или не протоколот? Османи најавува дека ќе го презентира, Маричиќ вели не е завршен

Конечен или не е Протоколот со Бугарија?­ Османи наместо денеска да го објави, неговиот колега во Владата, Маричиќ го демантира, вели документ кој не е готов не може да и се објави на јавноста. Министерот за надворешни веќе неколку пати до сега најавуваше кој ден ќе го објави текстот од документот, последно за денеска ама и денеска Протоколот со источниот сосед не виде бел ден пред македонската јавност. Наместо тоа вицепремиерот за европски прашања уверува дека Владата не криела ништо ама не завршен документ не можело да се споделува.

  • Предлогот очекуваме да биде презентиран од МНР. Во целост кога ќе биде усогласен и кога ќе се договориме со Бугарија ќе биде објавен – вели Бојан Маричиќ – Вицепремиер за европски прашања.

Кој ја кажува вистината, Османи или Маричиќ? Дека документот е завршена работа и усогласена од двете страни уверуваше и премиерот Димитар Ковачевски. Но што крие Протоколот па на власта и треба толку време за да го објави?  

Истиот документ сега е под името Годишен извештај и е всушност записникот од втората меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија. Во протокол се наоѓаат обврските што Македонија ги презела за имплементација на Договорот за добрососедство и пријателство во делот на историската комисија – говорот на омраза, учебниците, спомениците, отворањето на досиејата на УДБА итн. односно познатите услови 4+1“ барање.

Во новата верзија Протоколите не се споменуваат, но дека станува збор за истиот документ потврдува фактот дека носечки момент е членот 12 од Договорот за добрососедство што практично значи дека еднаш годишно на меѓувладин состанок Софија ќе проверува што сме сработиле, па ако биде задоволна од спроведувањето на Договорот за добрососесдство ќе дозволи да продолжи пристапниот процес. Во протоколот се и записниците од мешовитата историска комисија, што значи дека и доколку власта се согласи историските прашање стануваат дел од преговарачката рамка, наспроти нивните уверувања дека за историјата не се преговара.

Додека македонската влада е во овој став, бугарската влада го објави уште минатиот месец, а пред да ја напушти функцијата бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска протколот го испрати до Комисијата за надворешна политика во Софија.