„Господ постои, името и е Петрунија“ на седум фестивали во јуни

Филмот „Господ постои, името и е Перунија“ во јуни ќе патува на седум фестивали низ целиот свет.

Во Франција филмот досега го видоа 32.000 луѓе и Петрунија влегува во седма недела на дистрибуција и ќе се прикажува во 56 кино сали.

Како што соопштува продукцијата Митевски, филмот ќе започне со проекција на Кино Изола во Словенија, пропратено со предавањето од Данијел Хочевар, нашиот ко-продуцент, за начинот на кој е создаден филмот со пет земји во копродукцијата.
Од Изола, Петрунија продолжува во Арт Филмскиот Фестивал во Словачка од 14 до 22 јуни.
– На престижниот Сиднеј Филмскиот фестивал заедно со австралиски дистибутер ќе биде прикажан на 14 и 15 јуни во конкуренција со мајсторите на денешната кинематографија како најновиот филм на Алмодовар и Канскиот победник Паразит. На 29 јуни филмот ќе биде прикажен на Еденбург Филмскиот фестивал, соопштува продукцијата Митевски.
Филмот ќе биде прикажан на Брисел на Интернационалниот филмски фестивал на 28 и 29 јуни во главната конкуренција, во јуни на фестивалот во Германија во Манхајм, а во јули и август во кино дистибуцијата во Белгија.

Во јуни Петрунија ќе биде и дел од најголемиот, 21 по ред, студенски фестивал во светот во Тел Ави.