„Гордана е жртва на политички терор“: Мицкоски подготвен да се сретне со сите политички затвореници на власта на СДСМ и ДУИ
Гордана е жртва на политичкиот терор, конечно доби заслужен викенд на слобода. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски не гледа ништо проблематично во неговата средба со поранешната министерка за внатрешни работи Јанкуловска. Изразува надеж дека брзо повторно ќе се сретнат. Порача и дека е отворен да се сретне со сите политички затвореници и жртви на оваа власт, најавувајќи дека борбата за нивната правда никогаш нема да запре.
-Гордана е жртва на политички терор и тортура која што е правена врз нејзе, врз нејзиното семејство. А вчера беше ден кога таа како би рекол доби заслужен викенд и вчера беше денот кога отпочна тој викенд. Јас можам да кажам дека не само она, сите оние жртви на тортура и политички реваншизав од страна на власта на власта на СДСМ и ДУИ се добредојдени и за сите нив се бориме еднакво, изјави Мицкоски.
Мицкоски порача дека политички монтираните случаи се минато, а во иднина ќе одговараат само оние кои противзаконски се збогатиле на сметката на обичните граѓани. За нив со промената на власта ќе дојде и одговорноста, вели лидерот на опозицијата.
-Јас многу повеќе би сакал да разговарам тоа што се случува денеска, како 25 годишно момче има 30 милионски бизнис во центарот на Скопје, тоа сакам да разговарам. Би сакал исто да разговарам како сватови на многу моќни политичари возат Мајбах, Ролс Ројс, имаат возен парк од неколку милиони евра. Како се потрошија 200 милиони евра, наши, мој пари од буџетот, а лопата не е фрлена, тоа е сегашност. Тоа што било во минатото, ВМРО шест години е во опозиција, вели Мицкоски.
Инаку, Јанкуловска веќе три години е во Идризово, каде беше спроведена по правосилноста на пресудата за случајот „Тенк“, за кој доби четири години казна затвор.
Матеја Петровски