Голем список, мала реализација – Владата вети, но сè не исполни

Долг список на проекти има Планот за живот со кој СДСМ дојде на власт, но на половина од нивниот мандат, нема реализација на половина од дадените ветувања.

Нема минимална плата од 16.000 денари;
Нема просечна плата од 500 евра;
Нема поддршка на домашните фирми;
Нема насочување на парите кај граѓаните;
Нема контрола на власта;
Нема правда за сите;
Нема подобра економска клима;
Нема подобрување на студентскиот стандард;
Бројчаникот не отчукува пари и парите не се враќаат кај граѓаните;
Нема зелена нафта за земјоделците;
Ги нема ветените субвенции во висина од 160 милиони евра годишно;
Нема поврат на 15% ДДВ за граѓаните;
Нема државна социјална пензија;
Нема промени во судството;
Нема беспатно здравство;
Нема дволно лекови во аптеките;
Нема професионализација на администрацијата;

Во предизборието како опозиција Зоран Заев ветуваше дека по доаѓањето на власта прво што ќе направи е дека ќе ги врати иселените во Македонија. И по две години сликата е следна: Луѓе со куфери и карти во еден правец ја напуштаат Македонија.

Сепак, Владата ги оствари проектите како што се укинување на радиодифузната такса, воведе прогресивен данок, ја врати евтината струја од 14 до 16 часот. Иако најави бесплатно здравство, таа мерка сега е заменета со најава за се уште не јасна форма на приватизација. Го укина екстерното тестирање и најави национално тестирање. Не ја намали администрацијата но воведе две смени.

Иако не најавија, ја зголемија Акцизата за нафта за 3.5 денари, која придонесе кон покачување на цените на речиси сите производи. Во делот на не ветени но реализирани проекти на Владата е и промената на Уставот и новото уставно име на државата Република Северна Македонија.

Борис Грујоски