Голем протест на ВМРО ДПМНЕ: Жестоко ќе победиме на претседателските избори

„Од државата ќе побараме да обезбеди сигурност, економски развој, подобар стандард, вработување за секој млад човек во следната 2019 година. Ако тоа не ни го овозможи оваа влада, ќе ја смениме со нова власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, Ова на вечерашниот голем протестен марш го порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Во врска со последната афера на прислушување во обвинителството, Мицкоски ја обвини власта дека лаже и оти со помош на прислушуваните разговори премиерот Зоран Заев ги уценува обвинителите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го потсети Заев за како што рече црните резултати во македонската економија, за слабите вработувања, лошите услови во кои работат земјоделците, за стопираните инвестиции и порача дека главниот удар ќе стигне на следните претседателски избори кога најголемата опозициска партија ќе извојува жестока победа.

Биљана Божиновска