Голем пожар кај старите турски гробишта во Битола

Горат старите турските гробишта во Битола, објави пред малку локален портал. Жителите од населбата Ушици реагираат дека, пожарот се шири со голема брзина и гори подолго време, па пламените јазици веќе се доближува до куќите и предизвикува паника кај населението. Се соменваат дека се работи за подметнат пожар зашто се појавил доцна попладнево.
Фотографијата ја испратиле жители од зградите во близина кои сведочат дека пламенот е толку високи што може да се види дури и преку покривите на околните куќи. Ова не е првпат да се палат турските гробишта во Битола. Годишно по неколку пати горат, посебно во летниот период кога се обраснати со густа вегетација.