Голем пожар: Гори катедралата Нотр Дам во Париз (ВИДЕО)

Избувна пожар во славната катедрала Нотр Дам во француската метропола Париз, соопшти градската пожарна служба.

Од видео снимките и фотографиите може да се забележат пламени јазици и чад кој извира од покривотна катедралата.

Во тек е голема операција на гасење на пожарот.

Причините за пожарот засега се непознати.

Средновековната катедрала е една од главните атракции на францускиот главен град, а ја посетуваат 12 милиони туристи годишно. Нотр Дам се истакнува со својата големина, древност и архитектонскиот интерес.