Голем пожар во гаража во Лондон

Голем пожар избувна рано изутринава во гаража во југоисточниот дел на Лондон, при што се уништени 11 автобуси.

Како што јави Би-Би-Си, во гаснењето на огнот учествувале околу 60 пожарникари со осум противпожарни возила, на кои им биле потребни три часа да го стават пожарот под контрола.

Нема информации за жртви, а засега не се познати ниту причните за избувнување на огнот.

Британските медиуми пренесуваат изјави на жители на околните згради, кои тврдат дека пред избувнувањето на пожарот слушнале експлозија.