НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем музички хепенинг по повод Денот на независноста  

Со голем музички настан, Општина Гази Баба ќе го одбележи 8 Септемри-Денот на независноста на Македонија. Музичкиот настан ќе се одржи утре, со почеток во 19.30 часот на плоштадот во Автокоманда, а учество ќе земат познати музички имиња меѓу кои:Јордан Митев, групата „Синтезис“, Наум Петрески, Зуица Лазова и Александра Јанева.

– Само од нас зависи, дали Македонија ќе биде се што имаме или се што немаме.  Денот на независноста е светол датум во историјата на Македонија и наша должност е да го почитуваме – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и ги покани сите на музичкиот хепенин