Голем дел од тиквешките лозари се уште чекаат на обесштетувањата за сушата и измрзнувањата од минатите сезони

          Над 1.300 лозаро-овоштари од Тиквешијата се уште чекаат на исплатата за обесштетувањата од измразнувањата и сушата, а од кои беа погодени во изминатите неколку сезони. Обвинуваат дека ресорниот министер Николовски, исплатата на штетите ја правел селективно.

  „За измрзнувањето, министерот Љупчо Николовски излезе како да е заболекар. Во Росоман плати измрзнување, во Неготино не плати, во Демир Капија плати, во Валандово плати, Гевгелија, а ние баравме за цела Македонија…Лани исто имавме проблеми, и во 2019-та, еве ја плакатата, од другата страна обеле книгата. Во 2019-та имавме суша, истиот реон: Кавадарци, цела Тиквешија“, – вели Дано Јошев, претседател на Здружението „Тиквешки лозаро-оваштари“ од Кавадарци.

  За да не се доцни со исплатата, лозарите уште лани предложиле овие средства да бидат опсигувани преку извесно зголемување на цената на субвенциите. Но, и тука и се појавил проблем.

  „Требаше да не обесштетат тогаш. Баравме субвенциите да се качат на 78.000, така што обесштетувањето да се среди со редовните субвенции. Со другото Здружение отидоа, си прифатија како си прифатија и исплатија по 2 денари на кг и нас не ни исплатија…Во Кавадарци има поднесено 1075 корисници што бараат помош, оштетени од сушата, во Неготино 250 има и сега уште чекаме, нема ништо од штетата“, – посочува Јошев.

   Револтираните тиквешки земјоделци бараaт штетата да им се исплати веднаш, бидејќи вака не можеле повеќе да функционираат. „Штом немаш од лани приход, како ќе функционираш годинава“, – прашува Јошев и додава дека со ваквите состојби во македонското земјоделие, а кои се таложат со години, под голем знак прашалник се доведувало и понатамошното опстојување на лозарството како гранка, бидејќи се’ повеќе лозја останувале необработени.

Каролина Дурло 

Поврзани вести