Големо Албанско знаме поставено на Самоиловата тврдина во Охрид

На втор ден Велигден, во срцето на Балканскиот Ерусалим, на Самиловата тврдина –развиорено 15 метарско албанско знаме.Инцидентот кој ги вознемири охриѓани,но и бројните туристи се случил претпладнево кога група од 40-тина луѓе облечени во албански носии,меѓу нив и жени завиени со шалови успеале еден по еден да се протнат и заедно со другите туристи да влезат на Самоиловата тврдина.

„Групата биле, тие ми кажаа од Италија, од турската власт кога била избегани во Италија.И дојдоа тука си платија карта и си заминаа горе а ние не видовме.Потоа од туристите имаше поплаки дека е иставено знамето албанско. Потоа јас отидов горе и им реков да го тргнат албанското знаме поради што е ден Велигден, изјави Даниел Стојаноски- вработен.
Трустите кои биле затекнати на Самоилова кажуваат дека покрај огромното знаме кое го поставиле, носеле и развиорени албански знамиња.

„Имаше големо знаме кое го развеаа од тврдината,и имаше луѓе со албански носии. Не знам колку време стоеше знамето, но го видов. Детали за ова не знам, тие се симнаа и заминаа кон калето“ , изјави еден очевидец.
„Групата албанци, со развиорено знаме поминаа низ сите значајни локалитети во стариот дел на градот , од каде се упатија и кон гратскиот кеј каде што ги затекнавме.Се приближивме и прашавме каде одат со албанското знаме и која е целта на овој чин “?, рече друг очевидец.

Ова го разгневи охриѓани,кои им сугерираале веднаш да заминат од Охрид додека не се случил инцидент.
Охриѓани лути и на полицијата која наместо ведаш да ги приведе, само од страна го набљудивала овај, како што велат гласен и недоличен чин за кој што сметаат дека е чиста провокација за време на најголемиот христијански празник. Покрај огромното албанското знаме кое беше поставено на Самоиловата тврдина, дел од групата се фотографирала со развиорено албанско знаме, качени високо на тврдината.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски преку соопштение информира дека две лица се повикани во полициска станица на инфорамативен разговор и оти се работи на расчистување на случајот.Знамето на Самоилова било поставено од лица албанци кои се претставиле дека се членови на фолклорна група,а биле од повеќе земји.

Новинар Росица Голабоска