Големи штети по невремето во Тетово – поплавени подруми и улици

Земјоделците од Лозово ги сумираат штетите од невремето што викендов ја зафати државата. Градот со големина на тениско топче речиси 70% ги уништи лозовите насади и овошјето. Помали штети има кај житариците..

Некој делови се 70% оштетени. Некој делови се помалку. Не можеме да кажеме каде и колкава штета е направена„-изјави Илче Петров, земјоделец од Лозово

Житарици имам на 2,6хектари, но таа е во малку поблага фаза, уште не е во потполна зрелост, така  што овде може нешто да се спаси„-Горан Велков, земјоделец од Лозово.

Уништени се соларни системи, пластеници, автомобили, а под вода е и дел од покуќнината на семејството Сребреновски од село Дорфулија. Градот им ја уништил кровната конструкција , па сега бараат помош од општината..

Кога фати градот, целиот кров го уништи. Протече. Теписи, шпориња се беше лом. Ги префрливме во другата соба , што нее успеав да изнесам остана. Се е поплавено„-изјави Олга Сребреновска

Имаме фонд и се надеваме дека на ваквите семејства кои се од социјален ризик ќе успееме да им излеземе во пресрет„-изјави Владе Миланов, претседател на Совет на Лозово.

Засега е неизветно колку хектари се погодени од невремето. Утринава на вонредна седница советот на Лозово формираше тимови кои на терен ќе треба да ги утврдат штетите. Бидејќи општината нема доволно средства за да ги обештети земјоделците, помош ќе бараат од Владата.

Тоа го донесовме и како одлука да побараме од државата, односно од министерот за земјоделие и од премиерот да свикаат вонредна средница на која ќе се дискутира и ние ќе можеме да ги елаборираме проблемите и да бараме од државата да ги обештети „-изјави Бошко Цветковски, градоначалник на Лозово.

Попладнево обиколка во Лозово направи и министерот за земјоделие. 

Силното невреме што викендов ја зафати земјава предизвика сериозни  штети во охридско-струшкиот регион, тетовско, кумановско и струмичко. Поројните дождови поплавија улици, подруми, куќи, а уништија и дел од земјоделските посеви. 

Александра Ристевска