Глумицата искрено за бракот и мајчинството: „ Нема да лажам, уморна сум“ (Фото+Видео)

Сeлма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Ана Пино се во брак веќе десет години, меѓутоа шармантната актерка ретко зборува  за тоа како се сретнале двајцата, а има и добра причина за тоа:

“Тоа е една таква романтична, неверојатна приказна, но тоа е само моја. Не сакам да ја „извалкам“ со тоа што ќе ја изнесам приказната а со тоа ќе предизвикам да бидам во центарот на интересот”, изјави таа за американски магазин.

Селма и францускиот бизнисмен се повеќе од успешни во нивното работење, а нивната приватна љубовна приказна останува во голема мера приватна во последните 10 години. Кога започнала нивната романса, Хајек имал 39 години, а кога ја родила ќерката Валентина (11), имала 41 година.

“Мислам дека сум подобра во улогата на мајка, бидејќи ја родив својата ќерка во подоцнежните години”, рече таа. “Но нема да лажам, многу сум уморна”.

Валентина е “многу креативна, многу паметна, многу духовитa, но, исто така, тврдоглава, вели гордата мајка за својата единаесет годишна ќерка.

Што се однесува на нејзиниот маж за него таа рече дека е “најдобриот сопруг во светот”. Таа за него вели: “Јас со него ум она што сум, тој никогаш не се обидел да ме ограничи на било кој начин”.

Актерката беше особено искрени кога зборуваше за реакциите на луѓето во врска со нејзиниот брак со францускиот  бизнисмен: “. Многу луѓе беа шокирани што се омажив а дури и некои луѓе сега како да се плашат  од мене”, рече таа.

“Но, ова е уште еден начин да се покаже расизмот. Тие не можат да поверуваат дека една мексиканка успеала  во нејзиниот живот и не се чувствуваат пријатно во моето присуство”.

И, покрај тоа што актерката тврди дека е уморна, сепак таа на крај признава дека нејзиниот брак е стабилен како никогаш претходно, во продолжение погледнете што друго додаде таа: