Глувомените лица на протест пред Централниот регистар, директорката ги повика на состанок откако Алфа побара одговори за проблемот

Несогласувањата околу тоа кој треба да раководи со Сојузот на глувите и наглувите во Македонија беше причина глувонемите лица да излезат на протест и да го изразат својот револт пред Централниот регистар во Скопје. Во регистарот како претседател запишан е Томица Стојановски, кој рече дека причина за протестот е организирање на вонредно Собрание со нелитимни делегати.

-Се однесува на 5-6 луѓе кои сами си поднесуваат барање за претседатели. Сакам да ја информирам јавноста да нема забуни значи во сојузот на глуви и наглуви на Република Македонија јас сум избран за претседател од осми јануари 2019 година. После тоа определена група доставуваат списоци со нелигитимни делегати, порача Стојановски.

Откако Алфа побара одговори од Централниот регистар околу овој проблем, директорката реши да го повика Стојановски и да го праша за што се протестира, велејќи дека не ја знаела причината.

Марија Бошковска- Јанковски вели дека во моментов и се врзани рацете околу овој проблем, бидејќи групата како што велат оние кои протестираа нелигитимни делегати поднела жалба пред второстепен орган, чија одлука ќе мора да ја почекаат за да може да постапуваат.

-Ако има жалба до второстепената комисија јас не можам да постапувам, постапува второстепената комисија. Кога ќе постапи второстепената комисија тогаш ние може да постапуваме. Нас ни се врзани рацете тука, вели Бошковска Јанковски.

Од Сојузот на глуви и наглуви велат дека се поднесени кривични пријави против нелитимните делегати кои се обидуваат да го сменат Стојановски, кој за претседател бил избран на осми јануари 2019 година.

Матеја Петровски