Гладна кокошка просо сонува: Ковачевски се надева на 118 пратеници за Бугари во Устав, Мицкоски возвраќа- уставни измени нема

Не може да обезбеди ниту 80, ама сонува за 118 пратеници за да ги внесе Бугарите во Уставот – премиерот Димитар Ковачевски најавува дека речиси сите пратеници ќе гласале за она што власта го ветила без да може да го обезбеди, ама не знае ниту кога ќе продолжи собраниската седница, која беше прекината поради тоа што го нема потребното двотретинско мнозинство. Ковачевски одбегна да одговори дали овој собраниски состав воопшто ќе ја продолжи оваа седница ако не бидат обезбедени 80-те пратеници. 

-Седницата за уставните измени ќе продолжи тогаш кога ќе биде створени услови за тоа, односно кога ќе се знае дека најголемото мнозинство на пратеници во Собранието веќе има разбрано дека треба да се донесе. (Значи да заклучиме ако до крајот на собраниски мандат не се обезбедат 80 пратеници нема да продолжи расправата?) До крајот на овој собраниски скоро година дена. (Значи и да нема 80 ќе продолжи некогаш таа седница) Јас велат дека 118 ќе има на крај, изјави Ковачевски. 

Спротивно на она што си го посакува Ковачевски е цврстиот став на опозицијата, дека уставни измени под овие околности и бугарски диктат се невозможна мисија. Околу изјавата на премиерот дека ќе гласале 118 пратеници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека веќе подолго време не ги слуша пораките од Ковачевски, бидејќи биле лажни и со двојна намена.

-Првата цел е да ја држи кохезијата во рамките на партијата која што според неофицијални информации е поделена на неколку структури и е тотално демотивирана структурата на СДСМ. И ако не им даде некоја надеж, тогаш претпоставувам дебаклот што ќе се случи на следните парламентарни избори ќе биде уште поголем. Втората цел е порака до меѓународаната заедница, еве оставете не уште неколку месеци да крадеме и да лажеме, секако на пролет се редовните парламентарни избори, изјави Мицкоски.

Мицкоски говореше и за средбата со Сарацин, каде што опозицијата го потврдила својот став дека за нив вакви уставни измени се неприфатливи. Потенцира дека тие средби не се воопшто едноставни, туку станува збор за жестоки средби на кои се разговара и за геостратешките проблеми. Запрашан зошто не се сретнал со Михаел Рот, лидерот на опозицијата вели дека воопшто нема потреба да се сретне со секој странец кој ќе дојдел во државава, а власта си ја злоупотребила неговата посета на покана на невладина организација, за свои политички потреби.

Матеја Петровски

Advertisements