Гиевски за Алфа: Мора да има одговорност што МОН ги остави децата без учебници пред стартот на учебната година

Некој во државава конечно мора да сноси одговорност што со години на стартот од школската година, учениците се остават без книги. Според наставникот по географија Томислав Гиевски, државата мора да покаже поголема сериозност околу немањето на учебниците за децата, зашто тоа е уставно загарантирано право, и еднаш за секогаш мора да има санкции за лошто менаџирање со државните институции. Според наставниците, катастрофално е тоа што од можни 126, фалат дури 43 книги за основците, односно 34%, а капак на се е тоа што воопшто нема учебници за трето и шесто одделение.

  • Реализирањето на настава без учебник е нефункционално во целост, односно учебникот е многу битна алатка во нормално функционирање на наставата, односно на воспитно-образовниот процес. Без учебник прво нема координација наставникот. Без учебник може да дојдеме во ситуација и самите ученици да имаат потешкотии, затоа што треба да ја повторат лекцијата, немаат толку време да запишуваат на часот затоа што во тетратката може да запишеме само дел од тоа што се учело на часот, но поголем дел од информациите ги има во учебниците“, вели за Алфа наставникот по географија Томислав Гиевски.
  • Револтот потекнува од најавените промени во секторот образование коишто не се совпаѓаат со законите. Револтот исто така е поради ниската потпросечна плата, а најголем е револтот на просветните работници поради непочитувањето на колективните договори“, додава Гиевски.

Според Гиевски, уште полошо е што наставник по историја ќе мора да предава по друг предмет, материјал што воопшто не му е познат. Рече дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација мора да оди до крај, и да го тужи

Министерството за образование, зашто не се обезбедило учебници за сите одделенија пред стартот на учебната година.

И додека професорската фела реагира на еден куп пропусти, од МОН се правдаат дека изработката на учебници било комплексен процес.

  • Согласно законските и подзаконските акти, навремено се започнати и извршувани активностите од наша надлежност за изработка на учебниците, усогласени со важечката наставна програма, велат од Министерството за образование и наука, откако Комсијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека не е испочитувана законската обврска да се обезбедат учебници по сите наставни предмети.

Конечната одлука за тоа дали Комисијата за спречување од дискриминација ќе покрене тужба против МОН, ќе биде соопштена деновиве, а ако има – тоа ќе биде прв таков случај во Македонија. Освен Комисијатам, право на тужба по различна основа имаат и родителите на учениците, чии децата остана без основното средство за учење.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста