Германски милијардери ќе донираат 10 милиони евра по откривањето на нацистичко минато

Семејството Рајман, едно од најбогатите германски деловни семејства, за време на владеењето на националсоцијализмот сесрдно ги поддржувало нацистите и користело присилна работа сила, објави „Билд ам зонтаг“.

По објавувањето на овие информации, наследниците изјавиле дека се засрамени и најавиле дека ќе подарат 10 милиона евра во добротворни цели.

„Билд ам зонтаг“ објави дека документите до кои дошол откриваат дека таткото и синот Алберт Рајман сениор и Алберт Рајнер јуниор користеле руски цивили и француски воени заробеници како присилни работници.

Портпаролот на семејството, Петер Харф кој е и на чело на холдинг компанијата Рајман ЈАБ потврди дека наводите на „Билд“ се точни.

Тој рече дека семејството никогаш не зборувало за нацистичката ера, но оти доказите покажуваат дека таткото и синот, кои починале во 1954 односно 1984 година, заслужиле затвор.

Богатството на семејството во чија сопственост се некои од најпознатите светски брендови како што се „Јакобс“, „Калгон“, „Велла“ и други, се проценува на 33 милијарди евра.

МИА