Германска новинарка открива дека бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ е сместен во куќа на депортирани македонски Евреи

На улица Рузвелтова, на чекор до битолскиот Широк Сокак каде сега е бугарски културен центар кое го носи името на фашистичкиот соработник „Ванчо Михајлов“ всушност е поранешен дом на еврејско семејство. Куќата каде е сместен клубот во Еврејскиот кварт некогаш припаѓала на Евреи кои биле депортирани за време на нацистичката ера. Ова го тврди германската новинарка Брита Хилперт во репортажа за македонските маки на патот кон ЕУ, која ја објавува германскиот национален телевизиски сервис ZDF.

Како што е познато, Иван Михајлов, е докажан соработник на Хитлер, Мусолини и Анте Павелиќ кои заедно убиле над 6 милиони Евреи. Бугарските фашистички власти во втората светска војна депортирале над 99 отсто од македонските Евреи кои никогаш не се вратиле од логорот на смртта Треблинка. На Михајлов му се препишува и убиството на десетици македонски и бугарски комунисти за време на таканаречените горноџумајски атентати.

Бугарскиот клуб со библиотека од над 2.000 учебници, историски книги и дел архивски материјали беше отворен на почетокот на февруари оваа година, а за таа прилика во Битола пристигна највисокиот државен врв на Бугарија.

Тогаш македонската јавност зовре, реакциите не запреа со денови, коментирајќи дека ова е провокација за Македонците, а македонската влада толерираше промоција на центар со името на Ванчо Михајлов, преку што директно ја помагаше рехабилитацјата на фашизмот и антимакедонсизмот во минатото.

Македонија со отварањето на бугарскиот клуб излезе победник само за министерот Бујар Османи.

Уште поголемо внимание кај македонската јавност предизвика палењето на клубот во Битола на почетокот на јуни, за што обвинет беше пејачот Ламбе Албаковски. Тогаш голем број граѓани додоа поддршка преку протест „Правда на Ламбе Алабаковски“.

Викторија Миткова