Георгиев ги избрка камерите, па бара втора шанса од медиумите – Ново барање од невладиниот сектор за оставки на членовите на Судски Совет

Актуелниот состав на Судскиот Совет не може да ја штити независноста на судството, да го подобри угледот на судскиот систем ниту да гарантира отчетност и квалитет во работата на судиите бидејќи во неколку наврати го прекршил законот и Делевникот за работа. Ново барање за оставки од членовите на Судскиот Совет. По Коалицијата „Сите за правично судење“ и група граѓански организации за борба против корупцијата бараат секој член од актуелниот состав на Советот да си поднесе оставка и да се овозможи нормално функционирање на највисокото судско тело.

Платформата со жалење констатира дека Советот продолжува да ги темели своите одлуки врз незаконско постапување, со што ја урнисува веќе лошата репутација на правосудството во јавноста. Имајќи предвид дека неправото не може да стане право, од таму бараат формирање на друг состав на Советот, како единствен кредибилен начин за надминување на состојбите.

Меѓу другото, платформата против корупција констатира повеќе незаконски постапувања во низа, а последното кога камерите беа остранети од седница.

Ново избраниот претседател на Советот, Сашко Георгиев по вчерашната скандалозна одлука денеска бара втора шанса од медиумите. Ќе одвоел пари од буџетот на Советот за Државната новинска агенција – МИА – да може да ја емитува секоја седница во живо на Фејсбук.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста