Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Сајкоски на четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија
Денес ја имав таа чест да присуствувам на четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ под мотото „Македонците – нераскинлив дел од Албанија“, каде покрај другото се зборуваше и за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Република Албанија.
Овој конгрес покажа единство и визија како натаму да ги унапредиме правата на Македонците во Албанија, како на политички така и на економски план.
ВМРО-ДПМНЕ дава безрезервна поддршка на Македонците во соседството.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
КАТЕГОРИИ Uncategorized