Гвардиола нов тренер на Јувентус!?

Пеп Гвардиола во наредните четири години тренер на Јувенутс, барем така вели ексклузивнат информација на италијанското Радио Спортива, чиј новинар вели дека тренерот на Манчестер Сити потпишал четиригодишен договор со италијанскиот шампион.

Гвардиола во сезоната зад нас ја освои тројната круна со Манчестер Сити во Англија, стигнувајќи до трофеите во Премиер Лигата, ФА Купот и Лига Купот, а според последните информации по авантурите во Шпанија, каде беше предводник на моќната Барселона, Германија каде го водеше Баерн Минхен и Англија, шпанскиот тренер е спремен да оди во Италија.

Јувентус ја прекина соработката со Алегри, кој го освои Скудетото, но не ја оствари главната цел, трофеј во Лигата на шампионите. Како еден од главните кандидати за превземање на „кормилото“ се споменува и Маурицио Сари, но и Жозе Мурињо.