Гајсер: Политичката кариера на Заев е завршена

Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајсер по објавувањето на „бомбите“ за случајот „Рекет“ денеска за радиото Каподистрија ги анализираше случувањата поврзани со аферата. Како што рече Гајсер, тој очекувал дека веднаш по објавувањето на аудио разговорите, лицата чии гласови се слушаат во снимките ќе се огласат со деманти и ќе негираат дека тоа се навистина нивните гласови, што, според него, е сосема легитимно.

Тој во разговор за радиото кажа дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив.

– Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив, вели Гајсер.

Тој кажа дека се разоткрила системска корупција, и политичка и судска, а аудио разговорите јавно ги објавиле зашто се стравувало дека ќе исчезнат доказите.

Според него, претседателот Пендаровски вчера со прес-конференцијата покажал дека полека се дистанцира од Заев.

– Македонија го смени името како подарок за Грција. По овој скандал, сигурен сум дека Заев ќе ја заврши кариерата на премиер. Заев нема меѓународен кредибилитет, рече Гајсер.