Гаѓаните на истокот на Македонија ќе ја паметат годинава по скапотијата

Тешка и долга беше годината што изминува. Високи сметки, скапа храна, струја, нафта  по ова граѓаните ќе ја паметат 2022. Велат оптимизмот ги напушта. Стравуваат дека годината што доаѓа ќе ни донесе уште поголема неизвесност и сиромаштија..

  „Сиромашна  беше годината. Ако продолжиме вака ќе си ја изгубиме државата. Нафтата ја направија 100денари. Земи да ораш, не можеш. Ни се испразни државата, ни избегаа младите„ коментираат анкетираните граѓани.

На два дена пред новата година, празничната атмосфера не се ни чувствува. Граѓаните се подготвуваат, ама скромно. Се купува само неопходното. За храна мора да има, но скромниот буџет е причина за многумина  да ги редуцират и новогодишните подароци.

  „ Скапотијата си го направи своето. Луѓето повеќе како да немаат желби. Купувме само основни продукти. Им дадов на внуците по 500денари и толку. Ако дадам повеќе   нема да може да си ја платам струјата. Што да купиме? Гледаме само ден за ден да помине, душа едвај вртиме„-коментираат анкетираните граѓани.

Скромна празнична трпеза во многу домови и не е за изненадување, ако се земе во предвид дека последните месеци ниту три минимални плати не можат да ги задоволат основните потреби на четиричлено семејство.  Последните анкета на Меѓународната асоцијација„ Галуп интернешанал„ покажува дека дури 80% од  граѓаните очекуваат годината што доаѓа да биде полоша или иста како минатата.  

Александра Ристеска

Advertisements