Гаши за Мерко: „Замрзнување на членството“ е пепел врз очите на јавноста

Од Алтернатрива велат дека замрзнувањето на членството на Мерко во ДУИ е само фрлање пепел врз очите на јавноста.
Бараат институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага Мерко, за сите тврдења од одлуката на Стејт департментот”.
„Да имавме ние достојни институции за истрага, не ќе требаше Соединетите Американски Држави да ни покажат кој е корумпиран и кој влијае врз правосудството. Ние знаеме дека кај нас институциите, особено од областа на правото, се заробени токму од ДУИ, за што ние постојано сме повикувале и посочувале, а сме имале забелешки и од американската амбасадорка во Скопје. Затоа кај нас поимот сеопфатна истрага од институциите е еуфемизам за одолговлекување, судски лавиринти, застарување на дела, саботажа на судски процеси и т.н.“ изјави Африм Гаши од Алтернатива за Дојче Веле.