});

Гасоводот ги загрижи и земјоделците

Гасоводот што ќе минува низ Пелагониското поле, сериозно ги загрижува земјоделците, бидејќи привремената експропријација ќе им донесе штети. Ем ќе изгубат добар дел од нивите, ем ќе добијат минимална надокнада со цени кои што се смешни. Денеска, на оваа тема следеше реакција од Сојузот на земјоделците на Македонија.

  • Цената што се нуди за експропријација е различна, од прва до шеста или седма класа и се зема некдае од 23 денари по квадрат, што е смешно. Класификацијата на земјоделското земјиште е направена пред четириесет, педесет и повеќе години кога се ораше со рала. Сега, и на четврта класа ако се издупчи бунар, нема разлика меѓу четврта и прва класа, а му се даваат 23 денари на м2. Тоа е срамота- рече претседателот Вељо Тантаров.

Преокупирани со жетвата и поради другите гајлиња, земјоделците дури сега започнуваат сериозно да размислуваат за гасоводот што ќе поминува низ нивните ниви. Освен за Водно, гасификацијата целосно никој ја нема отворено за проблемите што ќе настаната со земјоделските површини. Земјоделците велат дека се отвораат и судски спорови, а штетите нико ги нема сериозно проценето, колкави и какви ќе бидат.

Привремената експропријација на земјоделците ќе им одземе по десет метри од плодните ниви, од двете страни на цефководот, а во хектари тоа с`е уште не е пресметано.

  • Чудно е како сега на Водно ќе прават корекција на Проектот околу намачувањето на површината со т.н. привремена експропријација, а кај нас на површините на кои ќе оди гасоводот се со дваесет метри- рече Тантаров.

Поради овие проблеми и недоследности, од Сојузот на земјоделците порачаа дека во целост ги поддржуваат невладините организации и еколошки здруженија кои го бранат Водно, но и сите останати во Државата и дека допрва, за своите аргументи ќе се соочат со власта.

Петар Стефановски