Гарсија Перез: Ставете ги националните интереси над партиските

Уставните измени се од национален интерес и не е време за партиски игри, Македонија припаѓа на европското семејство и иднината е во ваши раце – ова се пораките кои ги испрати европратеничката Гарсија Перез по средбата со претседателот на Владата. Лидерката на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент ја охрабри Македонија да ги исполни условите за да може да продолжи на европскиот пат, сепак не може да ни гарантира дека нема да има блокади во иднина, односно дека не може да даде гаранции за она што бугарската Влада ќе го стави на агендата

Сега е најдобро време за заеднички да се работи и затоа дојдов да пратам јасна политичка порака од нашето политичко семејство. Јас сум претседател на втората најголема политичка група во Европскиот парламент со повеќе од 150 пратеници, но не само во Европскиот парламент, ние имаме силно влијание во европските институции. Работиме посветено за да ја поддржиме оваа нова динамика со пристапните преговори. Тука сум да го поддржам овој процес и да ви честитам за постигнувањата. Навистина беше потребно лидерство за да се донесат вакви тешки одлуки, но вредат затоа што може да донесат подобра иднина за граѓаните на Северна Македонија. Она што Северна Македонија и Албанија го прават е јасен пример за целиот регион за Западен Балкан“, рече Гарсија Перез.

Ако некој решил да се изолира, да ја изолира и својата политичка партија, нема право да ја изолира цела држава – изјави премиерот. Владата и денеска го повтори ставот дека уставните измени биле одлука за граѓаните и за нивната иднина.

Ако некој решил да се изолира и ако притоа решил да ја изолира и својата политичка партија тој не може и нема право да ја изолира цела држава. Она што ние го имаме пред нас се одлуки за продолжување на патот кон полноправно членство во ЕУ. И после таа одлука ќе има уште тешки одлуки затоа што тие реформи не се едноставни. Тоа се реформи кои сите држави членки на ЕУ ги поминале. Но низ тие реформи, низ такви одлуки изградиле подобро општество – велат од Владата.

Тешко е да се каже дека во скоро време власта ќе успее да обезбеди двотретинско мнозинство за отворање на Уставот е тешко да се одговори, иако тоа беше главна тема на лидерската средба минатата недела. Левица категорично одбива да гласа за уставни измени, албанските партии имаат поставено свои услови, а ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции од ЕУ дека нема да има нови блокади во иднина, иако европските челници не можат да гарантираат за чекорите кои ќе ги преземе некоја друга земја членка наЕУ.

Адријана Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести