Гаранции за македонските национални интереси, обврски и за Бугарија – столбови на кои се потпира предлогот на ВМРО-ДПМНЕ
Гаранции за македонскиот идентитет и јазик, обврска и за Бугарија – да ги почитува пресудите на Евопскиот суд за човекови права, пакет економска поддршка за граѓаните и стопанството, како и одложена примена на уставните измени се до отпочнување на ратификацијата на членството на Македонија во ЕУ со што нема да има нови условувања во процесот на преговори. Ова се столбовите на кои се потипра предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој побара и формирање пакт на национално единство и истиснување на ДУИ од власта.
Според дел од аналитичарите, ваквите предлози, се државнички и ја ги штитат македонските национални позиции и воедно и гарантираат безбеден пат кон Европската Унија.
Аналитичарот Божиновски вели ВМРО-ДПМНЕ излезе со проевропски и проактивен став каде со дадените опции ја штити Македонија. Со овие предлози, смета Божиновски, нема да се направи грешката како си Преспанскиот договор, каде никако не сме заштитени.
Втората опција која ја дадоа вчера од опозициската партија, исто така беше проактивна, односно со цел да се зачува македонскиот идентитет, јазик, култура итн. за кои сите европски претставници не уверуваат дека е заштитетн, да се донесе во самиот Европски совет, односно од лидерите на сите членки на ЕУ, каде што е и Бугарија, да се донесат такви гаранции и по носењето на тие гаранции, што би биле гаранции дека нема Бугарија да не блокира понатаму на патот кон ЕУ, да се организираат избори и новиот парламент со целосен легитимитет, да се договори за евентуална промена на Уставот, но само доколку тие гаранции се имплементираат и дополнително Бугарија да ги прифати пресудите од Стразбур, вели Божиновски за Алфа.

Токму за пресудите од Стразбур, адвокатот кој ги застапува Македонците во Бугарија, Менкиновски, вели предлозите на Мицкоски се државнички.
Изјавата на Мицкоски е повеќе од државничка и сметам дека имплементирањето на принципот на реципроцитет меѓу Македонија и Бугарија е мошне важен за евроинтеграциите, за македонските граѓани, за македонското малцинство кое живее во Бугарија. Значи она што Мицкоски цело време го пласира во јавноста, мислам дека вчера беше недвосмислено кажано, дека принципот на реципроцитет услов без кој не може овие преговори да продолжат во иднина, вели Менкиновски за Алфа.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на понудата на СДСМ за заедничка Влада одговори дека би влегол само доколку ДУИ излезе и доколку уставните измени имаат одложено дејство, таа Влада би ги спорвела и изборите на кои, според опозицијата, конечно ќе биде испратена во историјата коалицијата на ДУИ и СДСМ.
Мери Симоновска