Гана: Во судар на два автобуса најмалку 50 загинати

Најмалку 50 лица загинаа во судар на два автобуса западниот дел на африканската држава Гана.

Автобусите се судриле во предпопладневните часови во градот Китамп, северно од престолнината на Гана, Акра.

Спасувачките служби се борат да ги излечат патниците кои се уште се заробени во возилата.

Секој автобус пренесува по 50 патници.

„Повеќе патници починале на лице место, а повредените се со различен степен на повреди и пренесени се во болница“ – изјавил портпаролот на полицијата.