Галакси С10 – уреди подговтвени за секаков предизвик!

Во денешно време смартфонот има за задача да ви помогне во секојдневно справување со вашите обврски. На работа и за работа, дома, или пак, додека сте на патување. Новата серија на уреди на компанијата Самсунг – Самсунг Галакси С10 креира нова димензија во светот на смартфоните, овозможувајќи продуктивност, интелигентни перформанси и проверено ниво на безбедност, сè согласно вашите потреби.

Дознајте зошто серијата на уреди Галакси С10 е препознаена како серија премиум смартфони за комплетно искуство.

1. Повеќе простор, поголема продуктивност
Со Галакси С10 уредите можете да направите многу повеќе од претходно, благодарение на неверојатниот Динамичен АМОЛЕД екран. Кај С10 и С10+, екранот е заоблен, без маргини и без копче за отклучување или пак “notch“ – отвор за камера. Ова ги прави уредите соодветни за гледање на содржини, ажурирање на документи, или пак едноставен премин од една до друга апликација, додека сте во движење. Новите уреди се прилагодуваат на вашата точка на гледање и ви даваат поубава глетка на презентацијата, фотографиите или сето она што ви е потребно за работа.
Компактниот С10е има 5,8 – инчен, рамен,“Full HD“ екран со скенер за отпечатоци сместен во пределот на копчето за отклучување. Галакси С10 е спакуван во 6,1 – инчен “QUAD HD+“ екран, има голема батерија и го содржи новиот ултрасоничен скенер за отпечатоци кој ги чита 3Д контурите на отпечатокот на прстот на корисникот преку екранот. За љубителите на големи и моќни уреди, С10+ има 6,4 –инчен екран, уште поголема батерија и втора “селфи“ камера.
2. Заменете го лап топот кога е потребно
Речиси две третини од оние кои работат во мобилната индустрија велат дека би се откажале од лап топите доколку имаат можност да ги приклучат нивните телефони на поголем монитор, тастатура и маус. Со помош на Самсунг Декс (Samsung DeX) платформата, сево ова е веќе возможно. Овој уред го заменува десктоп компјутерот со едноставно поврзување со вашиот Самсунг С смартфон.
3. Врвно ниво на безбедност
Галакси С10 е креиран со истото ниво на безбедност како и сите останати Самсунг уреди. Смартфоните го имаат безбедносниот систем Самсунг Нокс (Samsung Knox), како и безбеден простор за зачувување податоци, поддржан од хардвер, каде се зачувани корисничките приватни “клучеви“ за мобилните услуги овозможени со “blockchain“ технологија.
6. Вистински “паметен“ телефон
Галакси С10 има интерфејс базиран на машинско учење кој го оптимизира уредот врз основа на однесувањето и преференциите на корисникот. Побрзо ги вклучува апликациите кои често се користат и помага полесно и поефикасно да се заврши работата. Исто така, ги предвидува следните чекори на корисникот и дава сугестија за нови услуги и можности, во миговите кога е најпотребно – како на пример нови надградби на софтверот на уредот во текот на ноќта или вклучување на вашата најомилена музичка апликација додека си одите дома.
Преку опцијата Бигзби рутини (Bixby Routines), можете да креирате автоматски поставки, како на пример доколку заборавите да го ставите уредот на полнач навечер, тогаш уредот автоматски ги гаси непотребните апликации и функции, како на пример Блутут, додека наутро не започнете со користење на телефонот.
7. Чувајте ги сите податоци – фотографии, апликации, документи
Ако немате доволно простор за складирање на податоци на вашиот уред и ако често се наоѓате во ситуација да одлучувате кои апликации или фотографии ќе ги избришете, тогаш Галакси С10 е она што ви е потребно. Самсунг Галакси С10 има 128 гигабајти меморија, но за оние кои имаат потреба од навистина голем простор за складирање на податоци, тогаш достапни се и верзии со 512 гигабајти, односно 1 терабајт меморија кај Самсунг Галакси С10+. Дополнително, можете да ја зголемите меморијата со помош на микроСД картичка.
8. Создавајте врвни фотографии
Фотографирајте го секој детаљ онака како што го гледате. Галакси С10+ има моќни камери со кои ќе создадете реалистични фотографии и во услови при намалена светлина. Со ултраширока леќа со видно поле од 123 степени, можете да креирате реални фотографии, а врвната камера ќе се погрижи при зголемување на направената фотографија да ги видите и најмалите детали.
Со уредите од Галакси С10 серијата препуштете се на врвно искуство за секоја пригода, без разлика дали се работи за завршување на работна обврска или за едноставно уживање во текот на денот.

Јована Грчева