Вучиќ: Косовските трупи се движат кон северно Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на почетокот на денешниот состанок со претставниците на Србите од Косово, рече дека Белград има информации дека албански трупи од базата Белведер и Врело се имаа упатено кон северно Косово.

– Можни се две опции … Да го земат глисерот во Газиводе со кој се возеше Тачи, така што е можно да се тргнати во контрола на езерото, со што покажуваат мускули или се тргнати кон „зелениот премин“ на север, со цел да се спречи протокот на стока во српските средини во Косово, рече Вучиќ.

Тој рече дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата и дека Србите треба да знаат дека нема да бидат оставени на милост и немилост .

– Се надевам дека на никој нема да му падне на ум да применува насилство врз нашиот народ и да почне да убива луѓе само затоа што се Срби , бидејќи српската држава тоа нема да го дозволи, рече Вучиќ.

Тој оцени дека одлуката на косовската влада за зголемување на даноците за српските стоки на 100 отсто практично го има оневозможено прометот на српски стоки, а палењето на српските производи во Косово наликува на палењето на еврејските книги во нацистичка Германија.

– Харадинај рече дека нема да ги отстрани таксите се додека Србија не ја признае независноста. Но тоа говори дека зад ова постојат други големи сили, кои не се прават наивни. Ова нема излезено од неговата глава. Ова го има прочитано од некој лист , но за среќа беше невнимателен. Добро … Тогаш мора да се подготвиме за долга и тешка борба бидејќи таа независност, нема да ја признаеме, рече Вучиќ.

Тој ја поздрави реакцијата на ЕУ на мерките на Приштина, изразувајќи надеж дека Брисел ќе ги вразуми властите во Косово, додавајќи дека не е сигурен во тоа.

Пред состанокот, кој беше отворен за јавноста, Вучиќ одржа консултации со претставниците на Србите.