Вучиќ излезе од Парламентот, на демонстрантите им рече: „Нема ништо од тоа“

Претседателот на Република Србија ја напушти зградата на Претседателството на главната врата при што имаше краток разговор со малкумината останати пред објектот.

Демонстрантите довикуваа и го навредуваа, а Вучиќ им одговори: „Нема ништо од тоа“.

Претходно демонстрантите тврдеа дека нема да му дозволат да замине, односно дека ќе замине од објектот „само низ глувчешки канали“.

Видео од излегувањето на Вучиќ објави новинарот на Ал Џазеира, Марко Суботиќ.