НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вучиќ го кажа датумот за предвремени избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави можност изборите што ги бара опозицијата да бидат распишани до 31 декември и да се одржат на 4 март 2024 година или една недела порано.

„Подготвен сум во согласност со тоа што го напишаа и побараа, да одржиме избори до март, изјави Вучиќ на ТВ Пинк, алудирајќи на барањето на претставниците на опозицијата за одржување на предвремени парламентарни и избори за градот Белград, доставени до него на 11 септември.

Зборувајќи за барањето на опозицијата, во кое се споменува распишување избори до крајот на годината, Вучиќ за претставниците на опозицијата рече дека се „неписмени“ и дека размислувале за нешто друго, односно за одржување избори до крајот на годината, додавјќи дека и тоа ќе го земе предвид, па соодветно на тоа ќе им „излезе во пресрет“.