Втор човек излекуван од ХИВ – чиста среќа или напредок на медицината?

Терапијата станува навистина подобра или се работи за сплет на околности со голема доза среќа? Ова е прашањето кое се поставува во научните кругови после сензационалната вест дека Британец е излекуван од ХИВ, после трансплатација на матични клетки.

Овој среќлија од Британија е само вториот човек за кого се знае дека куртулил од вирусот кој предизвикува СИДА, со помош на оваа метода. За него се знае дека примал хемотерапија за третман на рак (Хоџкинс лимфом), а потоа му биле пресадени матични клетки од донор отпорен на ХИВ. Ова довело до повлекување на двете состојби.

Ова е само втор случај кај пациент да се појави ремисија на ХИВ по ваков третман. Пред десет години, ова се покажало успешно и кај пациент од Берлин, на кого му била пресадена коскена срж од донор со природен имунитет на ХИВ.

Тимоти Браун, познат како првиот човек кој ги победи ХИВ/СИДА, примил две трансплатации и целосна телесна ирадијација (радиотерапија) за леукемија – многу поагресивен третман во споредба со последниот пример.

Професорот Равиндра Гупта, раководител на истражувањето

„Успевајќи да дојдеме до ремисија кај втор пациент со сличен метод, покажавме дека пациентот од Берлин не беше аномалија и дека овој третман го елиминираше ХИВ кај двајцата луѓе“, изјави раководителот на истражувањето проф. Равиндра Гупта, од Лондонскиот универзитет.

„Успехот со пресадувањето на матични клетки ни дава надеж дека конечно ќе пронајдеме нова стратегија за борба против ХИВ/СИДА“, вели професорот Едуардо Олаварија, исто така вклучен во истражувањето, додавајќи: „Но, третманот не е соодветен како стандарден ХИВ третман, поради токсичноста на хемотерапијата, која во случајов беше неопходна за да се третира лимфомот“.

„Нештата не се такви какви што изгледаат на прва. Не се коментира историјата на пациентот, туку само фактот дека примил коскена срж од донори кои имаат специфична мутација“, вели доц. Ивајло Еленков од Инфективната клиника во Софија за бугарска Нова. Но, тој е оптимист и смета дека во блиска иднина ќе се појавуваат се повеќе успешни случаи на лекување на ХИВ.

„Походот кон крајната цел, радикално лечење на инфекцијата, е „верују-то“ на целата медицинска наука“, вели тој појаснувајќи дека во моментов се тестираат уште 10-тина други протоколи на лекување на ХИВ.