Втор економски форум во Скопје – Македонија мора да работи на реформи

Не само на уставни измени туку Македонија  да работи и на реформи од интерес на граѓаните .  Во фокусот на преговорите со ЕУ, земјите членки на Унијата и порачаа на Македонија дека процесот добро напредувал , ама мора сеуште многу да се работи на промени  – Вториот економски форум во Скопје  одбележан со политички прашања.

Процесот на скринингот веќе започна, добро се движи, не смееме да го потцениме фактот дека овој процес ќе биде долготраен ќе бара одредени легислативни промени, не само уставни измени, односно вниманието што се посветува на евентуалните промени во Уставот, туку треба да се признае дека одредени права треба да се дадат на сите етнички заедници, по примерот на Хрватска. Сите политички фактори во државата, треба да се обединат во процесот на преговори, и да ги здружат напорите за потребните реформи“, рече Силвестри.  Амбасадор на Италија

Отворањето на преговорите, отворањето на скриниг-процесот почна така што сега фокусот треба да се премести на спроведувањето на реформите кои што се потребни“, рече Дејвид Гир.

Граѓаните се веќе разочарани и во државата постои евроскептицизмот поради што процесот трае премногу долго. Европа повторно ни порача дека работат посветено и вложуваат во бизнис и граѓани за да го исполнат ветувањето земјите од Западен Балкан да станат дел од европското семејство

-Можете да сметате на нашата посветеност и поддршка за Западен Балкан. Работиме напорно да му помогнеме на регионот со нови можности за бизниси и граѓани и да го исполниме ветувањето за Западен Балкан да влезе во ЕУ.-Оливер Вархеји – Еврокомесар за проширување.

Клучен елемент во процесот се економските политики. На Македонија и се потребни реформи кои ќе го сменат деловниот пејсаж , а ни фалат инвестиции во речиси сите сектори .

Премиерот Ковачевски пак со голема самодоверба го отвори форумот. Не било прашање „ Дали“ , туку „ Кога“ ќе станеме дел од европското семејство.  Поздравниот говор го искористи да се пофали пред европските челници дека сме имале силна и напредна економија, без да посочи на реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Вториот економски форум од ваков тип се одржува во Скопје по две години во организација на Делфи Економскиот форум и Грчката бизнис асоцијација . Иако е посветен на последиците од Руско – украинската криза, во фокус се најдоа односите Белград – Приштина , имено Западен Балкан очекува процесот да заврши со меѓусебно признавање на двете страни.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста