});

Второ прскање против ларви од комарци на подрачјето на Скопје

Град Скопје соопшти дека во наредниот период ќе се изврши втората фаза од прскањето против ларви од комарци нa подрачјето на град Скопје, која опфаќа авионско прскање и дезинсекција од земја.

Авионската дезинсекција ќе се изврши на 6 август (понеделник) во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција на  7 август (вторник) во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Воедно, од Град Скопје посочуваат дека пчеларите треба навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.