Вториот негативен, првиот недостапен – институционален хаос со мајмунските сипаници

Негативен резултат покажа тестот на втиориот сомнителен случај на мајмунски сипаници кој е сместен на Инфективната клиника. Мигрантот од Сирија, со сомнителни симптоми, како што прва објави Алфа, бил примен во 1 часот по полноќ во излоиран дел од болницата.

Поради негативниот тест за останатите со кој патувал нема да бидат преземени никакви мерки велат од Комисијата за заразни болести. Од таму уверуваат дека мајмунските сипаници не се новиот Ковид и нема место за паника.

-За пренесување на мајмунски сипаници се потребен близок контакт на мал простор. Мерките кои беа преземани пред тестирањето во однос на другите сопатници од камионот, сега по негативниот тест на мигрантот се прекинуваат, рече докторот.

Од првиот сомнителен случај во Македонија, 43-годишниот кичевчанец, за кој Алфа објави уште во вторникот вечерта,  се уште не е земен материјал за тестирање. Со него не е разговарано откако тој ја напуштил кичевската болница, велат од Комисијата.  

-Откако го напуштил Инфективното одделение во Кичево, со него не е разговарано само со членовите на фамилијата. Тој не се пријавил на Инфективна клиника за тамошно тестирање. Има воспоставена комуникација со него и преку матичната лекарка. Епидемиолог од Битола бил два пати кај него да го убеди да се тестира, за да може побрзо да се реагира и во однос на контактите и натамошните мерки. Побрзо добивање на резултаот можеби ќе го ослобид од сомнението ако е негативен, а ако е позитивен побрзо ќе не доведе до контактите кои евентуално се загрозени. 

Пациентот со сомнителни симптоми е оставен сам, без лекарски надзор и можност евентуално да ја прошири болеста. Надлежните велат дека немаат законска можност да го натераат да се тестира. Засега нема информација дали се размислува за проемна на ваквите протоколи.

-Ова е едно практично решение за секој иден случај каде нема соработка со суспектниот. Очекуваме во текот на наредните денови, можеби во текот на утрешниот ден, согласно тоа постапување да имаме веќе разрешница на овој случај, рече д-р Мехмедовиќ.

За пациенти заболени од мајмунски сипаници нема препораки за самоизолација а симптомите  се покачена температура, болни лимфни јазли, осип, а најизразени се осипите по телото. Сите со симптоми првично треба да се јават кај матичниот лекар по што ќе бидат префрлени на Инфективната клиника со брза помош и соодветна опрема.  Македонија има 3300 тестови за мајмунски сипаници и тие единствено може да се користат на Инсититутот за јавно здравје во Скопје.

Викторија Миткова