});

Втора јавна дискусија – Граѓаните контра Заев за уставните амандмани

Со новото име Северна Македонија, веќе никој од меѓународната заедница нема да не понижува, а ние конечно ќе добиеме грутка земја која ќе биде признаена во светот – со овие зборови премиерот Заев и денеска убедуваше колку промената на Уставот ќе донесе само добро за Македонија. Но раатот на Заев на втората јавна дебата му го растурија неколку граѓани кои велат се загрижени за својата и судбината на Македонија, па отворено го прашаа…дали утрото по гласањето на уставните измени во огледало видел патриот, но дали не го боли што по целиот процес ќе станеме северномакедонци. Но премиерот вели утрото на 20-ти октомври по гласањето во Парламентот бил среќен но не му било лесно, а северномакедонци немало да станеме.

И на оваа дебата ги немаше универзитетските професори кои целиот период од преговори до потпишување на Договорот во Преспа јавно алармираа дека истиот носи трајни негативни последици на Македонија. Затоа пак професорот Ружин со поддршка до Владата порача дека македонското прашање кое било експлозивна работа сега се затвора, а ние немало да бидеме држава без име.

За опозицијата јавните дебати на владата се обична фарса. Велат ваквите реакции се задоцнети. Јавноста, стручната фела и опозицијата требало да бидат вклучени уште во периодот на преговори , а не сега.

Јавните дебати продолжуваат во Скопје со академиците во МАНУ и со експерти во понеделник во Штип и Тетово.

Ивана Соколовиќ Најдова