Втора шанса за Пендаровски: СДСМ со ист кандидат за претседател како и во 2014-та

Стево Пендаровски ќе биде кандидат на СДСМ и коалицијата на престојните претседателски избори.

Се очекува и формално прифаќање на предлогот на СДСМ на состанокот кој е во тек меѓу коалиционите партнери од власта.

Ова го потврди претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој рече дека Пендаровски ќе биде предложен за консензуален претседателски кандидат на Република Македонија.

Заев ја очекува поддршката од сите коалициони партнери и додаде дека останатите фаворити за претседател на СДСМ го прифатиле Пендаровски како претседателски кандидат.

Ова ќе биде втор обид на Стево Пендаровски бидејќи беше кандидат на СДСМ и на претходните избори на кои загуби убедливо од Ѓорѓе Иванов.